Фудбал
Баерн подготви милионска помош за народот на Германија
Големи поплави ја погодија Западна Европа.
Најголемите последици ги почувствува Германија, а дел од Баварија е најзагрозен.
Според последните информации, во Германија има повеќе од 150 жртви од поплави.
Помош пристигнува од сите страни, а во акцијата се приклучи и баварскиот гигант Баерн ФК.
Актуелниот шампион на Германија и еден од најголемите клубови во светот издвои 1,1 милиони евра за помош на настраданите во поплавите.
Benefizspiel gegen den FC Schalke 04: FC Bayern spendet 1,1 Millionen Euro für Hochwasseropfer.
— FC Bayern München (@FCBayern) July 23, 2021
Ситуацијата во Германија се смири во однос на времето, но штетата што настана е непроценлива. Многу луѓе останаа без своите домови, а покрај Баерн, во акцијата ќе се приклучат и други спортски екипи од Германија, како и бројни спортисти.