Connect with us

Фудбал

Баерн потврди, Хамес повеќе не е член на „Баварците“: „Ние не тргуваме“

Баерн Минхен потврди дека  Хамес Родригес го напушта клубот ова лето.

Баерн имаше опција да го откупи договорот на Хамес за 42 милиони евра по две годишната позајмица, но Карл-Хајнц Румениге потврди дека играчот ке ги напушти „Баварците“.

„Одлуката практично е донесена затоа што Хамес дојде до мене пред крајот на сезоната и ме замоли да не ја користам таа опција“, рече Румениге за „Sport1“.

„Против неговата волја не би имало смисла. Не би требало да се обврзувате да платите 42 милиони евра за играч ако не можете да му понудите почетно место во екипата“, додаде Румениге.

„Желбата на Хамес беше да биде стартер, но овде не беше загарантирано и јас лично жалам поради тоа. И самиот го обожавам неговиот стил на игра, тој е за мене врвен играч“, истакна Румениге.

А на прашањето Баерн да ја искористи опцијата, да го купи играчот за 42 милиони евра и да го продаде за многу повеќе?

„Тоа не би било чесно према Реал Мадрид и тоа не е стил на Баерн. Ние овде не се занимаваме со тргување“.

Останува да се види каде Колумбиецот ќе ја продолжи кариерата и дали можеби ќе се врати во Реал Мадрид со кој има договор.