Connect with us

Фудбал

Баерн реши: Лева може да го заборави она што го бараше, а може да оди само под еден услов

Пред неколку недели во Баерн Минхен се разговараше за иднината на Роберт Левандовски.

Договорот на Полјакот со Баварците истекува во летото 2023 година, а бидејќи се уште не му е понуден нов, почнаа гласините дека ќе го напушти клубот, што во моментов изгледа многу реално.

Откако ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед, се засилија гласините дека големиот Полјак ќе ја засили Барселона на лето и не треба да чуди ако од следната сезона го гледаме под команда на Чави Ернандез.

Последните информации за Левандовски се појавија синоќа. Германскаи „Скај Спортс“ ги потврди досегашните информации дека Барселона се подготвува да ја испрати првата понуда за најдобриот стрелец во германската Бундес лига.

Беше објавено и дека Баерн не е премногу расположен да се согласи на летниот трансфер. Последна опција е 2023 година, кога клупските власти би можеле да му дозволат на Полјакот да си замине бесплатно.

Сепак, „Кикер“ објави нешто што е во спротивност со овие информации. Новинарите на популарниот германски дневен весник пренесуваат дека ваквата информација е само игра на властите на баварскиот клуб.

Според последните информации, германскиот шампион ќе се согласи на заминување на својата најголема ѕвезда само доколку клубот добие понуда од најмалку 40 милиони евра. „Кикер“ додаде и дека самиот Левандовски треба да заборави на бараното покачување. Конечниот предлог за новиот договор вклучуваше понуда од 24 милиони евра, колку што заработува моментално.

Оваа сезона Левандовски одигра 42 натпревари за Баерн, постигнувајќи неверојатни 47 гола и додавајќи шест асистенции.