Фудбал
Баерн сака да позајми двајца француски играчи од средниот ред
Баерн Минхен активно го анализира пазарот на играчи во потрага по засилување во средниот ред. Засега двајца Французи го привлекоа вниманието на Баварците.
Веќе се зборуваше за „ремонт“ на тимот на Баерн, што треба да резултира во неколку заминувања.
Кога станува збор за средниот ред, голема е веројатноста искусниот Шпанец Хави Мартинез да ја напушти Алијанц Арената, а Тијаго Алкантара би можел да ги следи неговите чекори. Исто така, можно е Баерн да го напушти Корентин Толисо.
Ремонтот на Баерн започна со носење на Лерој Сане и младиот дефанзивец Танги Куаси од ПСЖ, но сега на Баварците им треба „вистински“ играчи од средниот ред.
Според информациите добиени од францускиот „Ле10Спорт“, вниманието на Баерн го привлече Танги Ндомбеле (Тотенхем) и Тајмуи Бакајоко (Челзи), двајца играчи чии статуси се под прашалник во „домашните“ клубови, што значи дека треба да бидат достапни за трансфери.
Сепак, трансферот на Ндомбеле сигурно ќе биде малку покомплициран, со оглед дека Тотенхем плати многу пари за неговото доаѓање пред една година.
Сепак, идејата на Баерн е да се обиде со заем, за да се преговара за можните постојани трансфери и да се разгледа дали новите играчи настапуваат добро во Минхен.
Ќе биде интересно да се види дали Баерн ќе успее да донесе некој од споменатите двајца. Или можеби и двајцата.
Патем, Баерн се повеќе се потпира на француските фудбалери. Така, Баварците моментално во своите редови ги имаат Лукас Ернандез, Танги Куаси, Бенџамин Павард, Корентино Толисо, Кингсли Коман и младиот Мајкл Кузанс.