Connect with us

Фудбал

Баерн се договори со Мане, за трансферот се чека Ливерпул

Новинарот Фабрицио Романо, објави дека Баерн постигна усмен договор со напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане за потпис на играчот за тимот од Минхен.

Според изворот, германскиот клуб веќе подготвил тригодишен договор за 30-годишниот Сенегалец.

Останува Баерн само да се договори за висината на трансферот со Ливерпул, додека англискиот тим е свесен за желбата на Мане кариерата да ја продолжи во Минхен.

Мане е во Ливерпул од јули 2016 година. Во сезоната 2021/22, напаѓачот постигна 23 гола и направи пет асистенции на 51 натпревар за тимот.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.