Connect with us

Фудбал

Баерн се приклучи на „аукцијата“ за фудбалерот на Тотенхем

Германскиот гиганти веќе стапи во контакт со играчот кој е на мета на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен. Данскиот креативен играч од средниот ред е отворен за договор со Баерн Минхен, тврди Спорт1. Се очекува тој да го напушти Тотенхем бидејќи договорот му истекува на крајот на сезоната. Челниците на англискиот тим, наводно планираат да го продадат во зимскиот преоден рок, за да не изгубат ништо.

Како што веќе пренесоа европските медиуми, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед едвај чекаат да потпишат со Ериксен, но Баварците се вклучени во оваа „аукција“, привлекувајќи го самиот фудбалер.