Connect with us

Фудбал

Баерн во реваншот го „прегази“ Салцбург

Фудбалерите на Баерн Минхен лесно се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Баварците ремизираа (1:1) во првиот осминафинален натпревар, а во реваншот беше 7:1.

По 23 минути Баерн водеше со 3-0, хет-трик кој го постигна Роберт Левандовски.

Гнабри ја заврши работата со гол за 4:0 до крајот на првото полувреме.

Во 54. минута резултатот беше 5:0. Во листата на стрелците се запиша и Мулер.

Кај гостите Кјаергард погоди на дваесет минути пред крајот.

Седум минути пред крајот Мулер го постигна својот втор гол. Три минути подоцна Сане зголеми на неверојатни 7:1.