Connect with us

Фудбал

Балотели: Не знам што ќе биде ова лето, ако заминам ќе бидам тажен

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели изјави на официјалниот Јутјуб канал дека се уште не одлучил каде ќе игра наредната сезона и дека ќе биде тажен ако замине за Ница.

Марио во овој француски клуб пристигна пред две години, во обид да ја оживее кариерата, а многу шпекулираат дека ова лето ќе го промени клубот.

Сепак, тој вели дека сè уште не одлучил.

“Во моментов постојат многу емоции, бидејќи пред нас е последниот натпревар од сезоната на Алијанц ривиера. Било како било не знам каде ќе бидам следната сезона. Ако заминам, сигурно е дека ќе бидам тажен”, рече Балотели на официјалниот YouTube канал на својот актуелен клуб.