Connect with us

Фудбал

Балотели се враќа на тренинзите во Ница

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, како што стојат работите и наредната сезона ќе биде фудбалер на Ница.

Иако во текот на летото се зборуваше за трансфер во Олимпик Марсеј, Марио Балотели на крајот сепак ќе остане во Ница иако не е тајна дека сака да го промени клубот.

Балотели беше навистина блиску до Марсеј, кој сепак не се согласи на условите кој ги постави неговиот менаџер Мино Раила кој бараше голема провизија, а на великанот од „Велодром“ не му се даваа 10 милиони евра за фудбалерот на кој договорот му истекува за само една година.

Наводно Балотели некое време бил во „тивок штрајк“, но денеска се врати на тренинзите со Ница, со што навести дека ова лето, сепак нема да ја менува средината.