Фудбал
Барди: Имаме победнички менталитет, подготвени сме за Бугарија
Енис Барди, еден од најдобрите во нашата селекција, кој воедно во отсуство на Стефан Ристовски ќе ја носи капитенската лента, вели дека подготвени се за утрешниот предизвик. Целта како што вели е новата сезона во Лигата на нации да се почне со победа.
-Имаме искуство во тимот подготвени сме да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет, но овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Многу ни е важно добро да стартуваме. Успехот на селекцијата ни е најважен, вели Барди.
Мечот со Бугарија од новата сезона во Лигата на нации се игра утре вечер во Разград со почеток во 18 часот.