Connect with us

Фудбал

„Бареслона го продаде Роналдињо затоа што се плашеше дека ќе го изгуби Меси“

Белорускиот фудбалер Александар Хлеб е познат по одличните игри во дресот на Арсенал, но и по тоа дека бил член на Барселона.

Хлеб во Арсенал пристигна од Штутгарт во 2005. година и беше големо откритие за лондонскиот клуб. Поради добрите игри го купи Барселона во 2008. година, но овој фудбалер не играше премногу во каталонскиот клуб.

Неговото доаѓање во Барселона беше големо изненадување, но за тоа инсистираше Пеп Гвардиола кој тоа лето само што го презеде каталонскиот клуб. Но, Хлеб играше само на почетокот на сезоната, а потоа ја „грееше“ клупата.

Меѓутоа, во таа сезона Барселона освои тројна круна предводена од Лионел Меси. Но, тогаш сите и тоа како беа скептични затоа што Барса тоа лето ја напушти Роналдињо кој беше најдобриот играч на овој тим. Замина и Деко, но се испостави дека тоа беа паметни потези на „Каталонците“.

Тоа пред неколку дена го изјави и Хлеб кој потврди дека главна цел на челниците на Барса беше да ги продадат Роналдињо и Деко, и сето тоа поради Лионел Меси.

„Барселона во 2008. година мораше да го продаде Роналдињо. Тие тогаш бе во страв дека поради него ќе го изгубат Меси. Роналдињо и Деко на тренинг знаеа да дојдат пијани и тоа беше јасен знак дека нешто мора да се направи. Се испостави дека тоа беше многу добар потег“, рече Хлеб.