Connect with us

Фудбал

Барнли бара дозвола од УЕФА да регистрира уште еден голман

Англискиот премиерлигаш Барнли побара од УЕФА да направи исклучок и да дозволи регистрација на уште еден голман за натпреварот против Абердин од квалификациите за Лига Европа, бидејќи им се повредени и првиот и вториот чувар на мрежата.

Барнли и Абердин одиграа 1:1 на првиот натпревар од второто квалификациско коло, но по 14 минути игра англискиот клуб остана без голманот Ник Поуп. Тој имаше тешка повреда на рамото, по што мораше на операција и не се знaе кога повторно ќе се врати на терен.

Поради тоа на теренот излезе третиот голман на клубот Андерс Линдегор.

Вториот голман на Барнли, Том Хитон, е повреден веќе подолго време и пропушти значаен дел од минатата сезона.

Од овие причини англискиот премиерлигаш побара дозвола за регистрирање на уште еден голман, а тоа ќе биде Адам Легздинс кој во моментов е четвртот чувар на мрежата на Барнли.