Connect with us

Фудбал

Барса го имала Мбапе „на тацна“ за 120 милиони евра, но….

Барса минатото лето остана без Нејмар, кој се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, пишува mkd.mk

„Каталонците“ решија да го заменат Бразилецот со Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, за кого платија 105 милиони евра, а зделката може да порасне за уште додатни 42 милиони евра во бонуси.

Многумина беа скептични по ваквиот потег, а веројатно нема да им се допаднат и информациите кои сега ги откри агентот Жозеп Мариа Мингеља.

Килијан Мбапе, кога разбрал дека Нејмар си оди и има прилика да игра покрај Лео Меси, сакал само преселба на Камп Ноу, и не сакал да слушне за ПСЖ или пак Реал Мадрид.

Барса можеле да го купи супер-талентираниот Французин за 120 милиони евра, плус уште додатни 30 во бонуси, но лидерите на клубот се решиле за Осман Дембеле бидејќи го следеле повеќе од една година.

„Барса го имаше Мбапе за 120 + 30 милиони евра” – вели Мингеља. „Разговарав со неговиот татко. Во моментот кога Мбапа дозна дека Нејмар си оди, тој сакаше само преселба со Барса, сакаше да игра покрај Меси”.

„Не сакаше да слушне за ПСЖ или пак Реал Мадрид”.

Откако Барса решила да не го купи 18 годишниот Килијан Мбапе, играчот требал да избира помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Тој го одбрал Париз бидејќи „Кралевите“ не сакале да се откажат од „ББЦ“. „Светците“ за неговите услуги треба да платат 180 милиони евра (145 следното лето и уште 35 милиони евра во бонуси).