Connect with us

Фудбал

Барса пред финансиски шок, ако се прекине првенството ќе ги продава најголемите ѕвезди?!

Пандемијата со коронавирусот ќе предизвика финансиски шок во светот. Секако нема да останат поштедени ниту спортските колективи, а меѓу нив и најголемите фудбалски клубови.

Според шпанските медиуми, а такво нешто пред неколку дена изјавија и дел од челниците на одборот, можно е Барселона да доживее тежок финансиски удар доколку сезоната се прекине. Тогаш ќе ги нема планираните финансиски приходи од ТВ правата, од влезниците, од продажбата на сувенири и друго.

Згора на тоа раководството ќе ги намали платите на играчите дури за 70 отсто, што секако начелно се согласиле.

Но, ако се прекине сезоната уште сега, тогаш Каталонците поради избегнување на евентуален банкрот ќе мора да ги продаваат најголемите фудбалски ѕвезди. Според шпанските медиуми само тројца играчи се сигурни, односно нема да се најдат на трансфер листата, а тоа се Лионел Меси, голманот Тер Штеген и Френки де Јонг кој беше купен во минатиот преоден рок од Ајакс.

Но, ова се само претпоставки, останува да се види што навистина ќе се случи пред се со оваа сезона која е прекината поради пандемијата со коронавирусот.