Connect with us

Фудбал

Барселона бара од Најк огромна отштета за доцнењето во промовирањето на новите дресови

Најк пред неколку дена објави дека ќе мора да ја одложи промоцијата на новиот дрес на Барселона.

Најк објави како ќе изгледа новиот дрес на каталонскиот клуб, но мораа да ја одложат неговата официјална презентација. Барселона требаше да ги одигра последните две кола во овие дресови, но сега тешко е да се очекува тоа да се случи.

Имено, навивачите сепак ќе треба уште малку да го почекаат новиот дрес поради проблемите што се појавија. Во Најк, тие сфатија дека бојата на дресот избледува кога доаѓа во контакт со вода или пот што е огромен проблем.

Дресовите што требаше да бидат пуштени во продажба се повлечени и Најк сега работи на изработка на нов материјал. Сè уште не е познато колку долго ќе трае одложувањето на промоцијата на дресот, но сигурно е дека ќе ја чини многу Барселона.

Мундо Депортиво пишува дека Барселона ќе изгуби помеѓу 15 и 20 милиони евра поради тоа. Каталонскиот клуб бараше обештетување од Најк за тоа, а исто така порачаа и дека ќе го тужат нивниот главен спонзор доколку одбијат да им платат, затоа што е јасно дека тие се единствените виновници во овој случај.