Connect with us

SPORTM.mk

Барселона без Суарез цел месец

Уругвајскиот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој беше повреден во првиот натпревар против Билбао, ќе мора да паузира цел месец, објави во саботата на својата официјална интернет страница актуелниот шпански првак.

„Го повреди мускулот на листот на десната нога“, објави каталонскиот клуб.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Суарез сигурно ќе го пропушти домашниот дуел против Бетис на 25-ти август, а неизвесен е и неговиот настап на гостувањето кај Осасуна на 31-ви август/

Повредата на Уругваецот претставува нов удар за Барса која новата сезона ја отвори со пораз и која настапува без, исто така, повредениот капитен Аргентинецот Лионел Меси. Неговото закрпенување од повредата на листот е при крај, па се очекува дека ќе настапи следната седмица против Бетис.

Извор: Нетпрес