Фудбал
Барселона го избрка и разочара, а тој во новиот клуб покажува каков квалитет поседува (ВИДЕО)
-Никој во мојот живот не ме разочарал како Чави и Барселона. Тоа е се што ќе кажам за нив“, изјави 23-годишниот фудбалер Рики Пуиг по заминувањето од каталонскиот клуб.
Рики Пуиг целиот живот го помина во Барселона. Ги помина сите млади категории и му предвидуваа одлична кариера во првиот тим.
Сепак, тоа не го постигна во дресот на каталонскиот гигант. Главен виновник за неуспехот беше поранешниот тренер на клубот Роналд Куман, кој не му даваше премногу простор на Пуиг во клучните моменти за неговата кариера.
Младиот фудбалер ја загуби самодовербата. Новиот тренер Чави Ернандез „отпиша“ летово и 23-годишниот играч од средниот ред мораше да бара среќа на друго место.
¡@RiquiPuig ➡️ @CH14_!
¡Golazo de @LAGalaxy_Es! 🔥🔥 🇪🇸🇲🇽 pic.twitter.com/oB2I52hD00
— MLS Español (@MLSes) August 29, 2022
Решил да замине во Соединетите Американски Држави. За нов клуб го избра ЛА Галакси и потпиша договор на три и пол години.
А веќе во вториот настап за Галакси покажа дека во него има многу квалитетен материјал. Тој направи навистина чудесна асистенција.
Топката на Пуиг имаше очи. Како да беше водена од компјутер и се покажа како феноменална асистенција.
Од центарот на теренот ја испрати топката до Хавиер Ернандез Чичарито, кој ја испрати во мрежата за водство на Галакси од 2-0.