Connect with us

Фудбал

Барселона го контактираше Буфон

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон подготвен е за уште еден трансфер.

Буфон минатото лето по 17 години го напушти Јувентус и замина во ПСЖ, а сега овој 41-годишен голман, кој не договори со францускиот првак соработка, бара нов клуб.

Најблиску е до враќање во Италија и тоа во редовите на својот некогашен клуб Парма.

Покрај Парма, се споменува и Барселона, но во меѓувреме се појави информација и за можно преминување во Барселона.

Како што објавува „Sky Italy“, Барселона му понуди на Буфон да биде резервен голман.

Секако дека Буфон и на 41. година доволно е добар да биде барем замена за Тер Штеген и би било интересно да се види легендарниот голман на „Ноу Камп“, па макар и во улога на резервен голман.