Connect with us

Фудбал

Барселона купи 19-годишен Бразилец

Младиот Бразилец Густаво Маиа (19) е нов член на Барселона.

Како што објави „ЕСПН“, Сао Паоло ја потврди веста за трансферот на Маиа во Барселона за 4,5 милиони евра.

Шпанскиот тим ќе има 70% од правата на напаѓачот, додека тимот од Латинска Америка ќе ги задржи преостанатите 30% од идната продажба, пренесува ESPN. Каталонците веднаш платија еден милион евра, а последователно Сао Паоло ќе добие уште 3,5 милиони на рати.

Медиумите, исто така, ја толкуваат оваа одлука како финансиска операција поволна за Сао Паоло, која ќе ги подмири долговите кон своите вработени по економската криза што е резултат на пандемијата на „КОВИД-19“.

Маиа пристигна во Сао Паоло на 14-годишна возраст и има постигнато голови од сезона во сезона во сите категории, и веќе има освоено седум титули. Во 2018 година тој постигна 30 голови на 36 натпревари.