Connect with us

Фудбал

Барселона го мерка играчот на ПСЖ

Барселона го насочи својот нишан кон фудбалерот на Пари Сен Жермен, Јулијан Дракслер.

На каталонскиот гигант му е јасно колку пари треба да плати за Дракслер да го направи свој офанзивен играч за врска.

Медиумите на „Ел Национал“ откриваат дека ПСЖ би се согласил да го продаде германскиот репрезентативец за 15 милиони евра.

Францускиот гигант не би го спречил Дракслер доколку сака да си замине.

А, оваа цена би била прифатлива за каталонскиот гигант.

Затоа, 28-годишниот може да го помине вториот дел од сезоната на „Камп Ноу“.

Поранешниот фудбалер на Волфсбург е дел од ПСЖ од 2017 година.