Connect with us

Фудбал

Барселона го позајми Делофеу на Вотфорд

Барселона и Ватфорд постигнаа договор Џерард Делофеу до крајот на сезоната да игра како позајмен фудбалер во премиерлигашот.

Според договорот Вотфорд ќе ги исплаќа платите на својот нов играч со потенцијален бонус од еден милион евра.

Од Барселона потсетија дека Делофеу е „дете“ од нивната школа. Тој настапуваше за клубовите од младинските категории а во А тимот беше повикан на 17 годишна возраст. За сениорскиот тим на Каталонците дебитираше во 2011 година кога тренер беше Пеп Гвардиола.

Како позајмен играч настапуваше и за екипите на Евертон, Севиља и Милан.

Ова сезона одигра 17 натпревари и постигна два гола за тимот од „Камп Ноу“. Со Барселона има шампионски трофеј и два купа во Шпанија.

За шпанскиот национален тим одигра четири натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.