Connect with us

Фудбал

Барселона и Јувентус подготвуваат трампа

Фудбалските експерти велат дека пандемијата многу ќе влијае врз трансферите какви што ги знаеме од порано. Сега, како што велат тие нема да има милонски трансфери, а се повеќе ќе гледаме „трејдови“, нешто слично како во НБА лигата.

Една таква размена или трампа би можела да се случи помеѓу Барселона и Јувентус, објави каталонското радио RAC-1.

Како што се тврдви преговорите почнале, Миралем Пјаниќ би завршил на „Камп Ноу“, а во Торино би дошол Бразилецот Артур, кој подолго време е желба на Маурицио Сари.