Connect with us

Фудбал

Барселона има огромен број слободни играчи на листата за засилување

Каталонскиот гигант Барселона е принуден значително да ги намали трошоците во наредните години.

Поради долгови кои достигнаа повеќе од милијарда и пол евра, клубот се најде во тешка положба, а тоа влијае на активностите на трансфер пазарот.

Екипата на „Камп Ноу“ е принудена да донесе играчи кои останаа без договор. Исплатата на големи надоместоци е само сон, а веќе се прават планови за доаѓање на неколку бесплатни фудбалери летото следната година.

Мундо Депортиво наведува дека Барселона веќе има список со имиња што ќе се обиде да ги донесе во своите редови, а чии договори истекуваат.

Ова се навистина големи имиња, а меѓу нив се Андре Онана, Антонио Рудигер, Пол Погба, Цезар Аспиликуета, Франк Кеси, Ноусаир Мазрауи …

Барселона ќе се обиде да направи подобра работа и да натера некои од овие играчи да завршат во нивните редови, а ќе видиме дали ќе успеат.

Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај пристигнаа на „Камп Ноу“ како слободни играчи минатото лето.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама