Connect with us

Фудбал

Барселона како во старите добри времиња: Атлетико „нокаутиран“ на Камп Ноу

Феноменален натпревар во 23. коло во шпанската Примера одиграа Барселона и Атлетико Мадрид.

Тимот од Камп Ноу можеби го одигра натпреварот на сезоната и на крајот заслужено славеше со резултат 4:2 во неверојатен натпревар.

Натпреварот не започна добро за Каталонците. Се играше осмата минута кога Караско го искористи додавањето на Суарез и погоди за 0-1.

После тоа ураганската игра на Барселона.

Алба во десеттата минута израмни на 1:1 по асистенција на Дани Алвеш. Се играше во 21. минута кога тинејџерот Гави го сврте натпреварот и погоди за 2:1, а Торес во 43. минута додаде Араухо кој ја доведе Барселона во водство од 3:1 и тоа беше резултат на првото полувреме.

Спектаклот на Каталонците продолжи и во 49. минута, Дани Алвеш погоди за 4:1.

Атлетико не се предаде, се разбуди кон средината на вториот дел, кога Суарез погоди за 4:2.

По асистенција и гол, Дани Алвеш доби црвен картон, а Барселона од 69. минута играше со играч помалку.

До крајот домашните успеаја да ја задржат предноста и да освојат три вредни бода во дерби колото.