Connect with us

Фудбал

Барселона ќе „жртвува“ седум играчи, за двајца нови

Се чини дека Барселона по секоја цена за следната сезона сака во своите редови да ги има Миралем Пјаниќ од Јувентус и Лаутаро Мартинез од Интер

„Мундо депортиво“ објави дека Пјаниќ се согласил за трансфер во каталонскиот тим, кој кој најверојатно ќе потпише четиригодишен договор. Согласност има и од Лаутаро Мартинез, кого го чека петгодишен договор.

Сега, треба да се договорат клубовите. Според шпанските медиуми за овие двајца играчи, Барса ќе „жртвува“ седуммина, Артур Мело, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Рафиња, Сауел Умтити, Жуниор Фирпо и Карлес Алења. Сега, не е познато кој во која насока ке оди, но сигурно дека покрај некој од овие фудбалери, очигледно е дека Барселона на Јувентус и Интер ќе треба и одредена сума на пари да им даде.