Фудбал
Барселона конечно се ослободи од Сетиен, но тоа скапо ќе ги чини
По дебаклот во Лигата на шампионите на крајот на минатата сезона, челниците на Барселона решија да му врачат отказ на тренерот Кике Сетиен.
Сетиен мина нешто повеќе од половина година на клупата на каталонскиот клуб, а по поразот од Баерн (8:2) доби отказ. На негово место беше избран Роналд Куман, кој ќе ја води Барселона следната сезона.
Сепак, утрово шпанските медиуми објавија дека Куман не може да ја предводи Барселона во Ла Лига затоа што Сетиен сè уште не е официјално отпуштен и се води како тренер на каталонскиот клуб.
Ова уште еднаш покажа колку се изгубени челниците на Барселона и дека навистина е време да се повлечат од овие функции. Тие реагираа денес веднаш по веста дека Куман не може да го води клубот и го поканија Сетиен на интервју.
„Мундо Депортиво“ објави дека средбата е завршена и дека Барса и Сетиен се договориле за деталите за раскин на договорот. На овој тренер ќе му биде исплатено обештетување бидејќи не се согласил на споразумно прекинување на соработката. Наводно, Барса ќе му исплати дури десет милиони евра.
Новинарите го „фатија“ Сетиен по завршувањето на состанокот, но тој не беше расположен за изјава и рече само дека наскоро ќе објави официјално соопштение.
?[CUATRO] | Barça and Quique Setien have reached an agreement for the final settlement of the dismissal.
Ronald Koeman will not have any problems for sitting at the Culérs bench. pic.twitter.com/zqPjA0uDER
— BarçaTimes (@BarcaTimes) September 17, 2020