Connect with us

Фудбал

Барселона нема избор, поголемиот дел од играчите на продажба

Барселона е отворена за понуди за поголемиот дел од нејзините играчи, тврди добро информираниот новинар на каталонското радио РАЦ 1, Жерард Ромено.

-Поголемиот дел од играчите од првата постава на Барселона ќе бидат достапни за трансфер. Многумина не сакаат да го напуштат клубови, но на тимот очајнички му се потребни пари, вели Ромено на својот Твитер налог.

Тој не напиша конкретни имиња, но на пример Нелсон Самедо е на продажба за околу 40 милиони. Се претпоставува дека Барселона ќе бара огромно обештетување. Секако, играчите како што се Меси, Пике, Бускетс или Гризман нема да бидат пуштени.