Connect with us

Фудбал

Барселона нуди пари и еден играч за Миралем Пјаниќ

Во последно време, се повеќе се шпекулира дека Миралем Пјаниќ ќе го напушти Јувентус ова лето, а интерес за него покажаа Барселона и Манчестер Сити.

Веќе неколку недели, се зборува дека Барселона сака да го доведе Пјаниќ во своите редови и дека го гледа како замена за Андрес Иниеста. Од Јувентус рекоа дека Масимилиано Алегри не сака да го продаде Босанецот, но исто така дека се подготвени да го ослободат Пјаниќ ако дојде понудата од 80 милиони евра.

Иако во изминатите неколку дена се пишуваше дека Манчестер Сити сакаат да ја завршат работата, се чини дека Барса нема да се откаже така лесно. „Gazzetta delo  Sport“ објави дека Каталонскиот клуб испрати интересна понуда на актуелниот шампион на Италија.

Наводно, Барселона на Јувентус му понуди околу 50 милиони евра и Андреа Гомес во замена за Пјаниќ, од Старата дама понудата ја отфрлиа. Јувентус уште еднаш им објасни на лидерите на Барселона дека Пјаниќ може да оди само ако каталонците се подготвени да платат 80 милиони евра и дека не се заинтересирани за понудите кои вклучуваат некои други играчи.