Connect with us

Фудбал

Барселона објави емотивно видео за Пике: За неколку часа, ќе биде за последен пат (ВИДЕО)

Пике се пензионира, нема повеќе да настапува за Барселона. Вечерашниот меч против Алмерија ќе биде последен пат за него. Барселона на социјалните мрежи објави видео од Пике како по скалите се качува на Камп Ноу и го гледа со тажна фаца теренот.

Барселона до видеото напиша: За неколку часа, ќе биде последен пат!
Пике 14 сезони играше за Барселона, освои 30 трофеи, а одигра 615 меча. Откако ќе заврши мечот, Пике ќе истрча почесен круг за да ги поздрави сите фанови кои ќе бидат на трибините.