Connect with us

Фудбал

Барселона официјално го претстави Војчех Шчесни

Барселона официјално го претстави голманот Војчех Шчесни. Полскиот гард потпиша со Каталонците до 30 јуни 2025 година.

Шчесни пристигнува на местото на повредениот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе паузира во следните осум месеци. Германецот ја пукна пателарната тетива на стадионот Ла Керамика и беше опериран пред само една недела.

Војчех има повеќе од 500 настапи во професионалната кариера, од кои 75 во Лигата на шампионите.

За полската репрезентација има одиграно 84 натпревари, учествувајќи на две светски првенства и четири европски првенства.