Connect with us

Фудбал

Барселона подготвува револуција-четири засилувања?!

Како што пишуваат шпанските медиуми, првите луѓе на Барселона поради паузата од коронавирусот, подготвуваат летни планови, односно реконструкција на тимот. „Спорт“ пренесува дека Барселона планира да се засили на четири позиции, штопер, лев бек, централен играч за врска и класичен центарфор.

Приоритетите се следни:

Во нападот со сите сили ќе се обидат да го купат Лаутаро Мартинез од Интер кој има сјајна сезона.  Централен дефанзивец или штопер, и повторно играч на Интер. Каталонците фрлиле око на 20 годишниот дефанзивец Алесандро Бастони кој се почесто добива шанса кај Конте во однос на искусниот Диего Годин. Млад е, има голем простор за развој на неговата кариера. Умтити ќе биде продаден.

Лев бек: Се вртат неколку имиња, но шпанските медиуми не можат да прецизираат. Се спомнуваше Кансело од Манчестер Сити, кој може да игра на двете страни.

Среден ред: Барселона ќе се обиде да ангажира силен фудбалер со физички предиспозивции на оваа позиција. Како примери се посочено Јаја Туре и Сеиду Кеита, како профил на играч кој им е потребен. Имиња, не се спомнуваат.

Познато е и дека Барселона го „брка“ Нејмаар и посакува негово врањето на „Ноу Камп“. Дали ќе успее останува да се види.