Connect with us

Фудбал

Барселона сака да го продаде, тој не сака да оди никаде, освен во еден клуб

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ нема да го напушти каталонскиот тим, пренесува „Sport.es“, иако веќе подолго време се спомнува дека ќе биде продаден од страна на Каталонците. Но, според изворот, Хрватот има услов. Не сака да оди во ниту еден друг клуб. Единствениот тим на кој 32-годишниот хрватски фудбалер е подготвен да се приклучи е Севиља, за која играше од 2011 до 2014 година.

Во сезоната 2019/20, Ракитиќ помина 31 натпревар за Барселона и оствари четири асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година.