Connect with us

Фудбал

Барселона во јануари подготвува шокантен трансфер

Ако може да му се верува на она што го пишуваат шпанските медиуми, Барселона во јануарскиот преоден рок би можела да направи еден крајно неочекуван потег.

„Mundo Deportivo“ пишува дека Барселона ќе тргне по Бранислав Ивановиќ, искусниот српски стопер кој со многу успех настапува за Зенит.

Не е тајна дека Барселона сака на позицијата стопер првенствено да го види младиот фудбалер на Ајакс Матијас де Лигт, но Ивановиќ би требало да претставува привремено решение за клубот од „Ноу Камп“.

„Каталонците“ имаат проблем со повредите во задната линија, а тоа најмногу се однесува на Томас Вермален и Самуел Умтити кој веќе некое се надвор од теренот.

Бранислав Ивановиќ (34) со Зенит има договор до 2019. година и веројатно би била прилично ефтина опција за Барселона, но повеќе информации за овој потенцијален трансфер засега нема.