Connect with us

Фудбал

Бартомеу објасни зошто Барселона го донесе Пјаниќ

Миралем Пјаниќ ќе го носи дресот на Барселона од следната сезона.

Минатата недела каталонскиот тим постигна договор со Јувентус за размена на фудбалери, па за Пјаниќ Стариот дама го доби Артур Мел.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ги објасни причините зошто клубот решил да го донесе Пјаниќ наместо Артур.

„Причините првично се спортски, а потоа и економски. Долго време го сакавме Пјаниќ заради неговите технички квалитети“, рече Бартомеу.

Јувентус ќе плати на каталонските гиганти дополнителни 10 милиони евра во овој трансфер, а Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барса.

Пјаниќ го напушта Јувентус по четири сезони, а во својата кариера играше уште и за Рома, Лион и Мец.