Connect with us

Фудбал

Бартра: Со Енрике играме како Барселона

Доколку Луис Енрике ја водеше репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство, Црвената фурија немаше да отпадве веќе во полуфиналето.

Се тие работи што се случиуја со Шпанија пред почетокот на Мундијалот придонесоа за тоа една од најсилните светски селекции да одигра многу лош турнир, но потоа работите почнаа да се движат на подобро кога на клупата седна Луис Енрике:

Шпанците ја победија Хрватска (6:0), Велс (4:1) и ја победиа Англија на гости (2:1), а еден од оние кои кај Енрике повремено добива шанса е Марк Бартра.

Стоперот на Реал Бетис задоволен е од начинот на кој Луис Енрике ја води екипата.

„Имаме одличен селектор под чие водство играме како Барселона. Енрике го запознав кога имав 17 години и неверојатно е колку ме унапреди во тактичка смисла. Многу научив од него и му предвидувам големи успеси на клупата на репрезентацијата“, рече Бартра.

Марк Бартра (27) за Шпанија дебитираше во 2013. година, а до сега иам забележано 14 настапи и има постигнато еден погодок.