Connect with us

Фудбал

Бауза повеќе не е тренер на Саудиска Арабија

Аргентинскиот фудбалски стручњак Едгардо Бауза ја напушти селекторската функција на Саудиска Арабија, откако беше разрешен по поразите од Португалија (3 0) и Бугарија (1:0) на пријателски натпревари во време од три дена.

Бауза си заминува од селекторско место на една репрезентација трет пат оваа година.

Тој во април доби отказ од Аргентина, потоа ги предводеше Обединетите Арапски Емирати и сега си заминува од Саудиска Арабија.

Како причина за промена во Арабија, се споменува дека раководството на тамошната федерација не е задоволно од играта на националниот тим.