Connect with us

Фудбал

„Баварците“ овој пат имаа милост: Баерн ја победи Барселона со „само“ три разлика

Фудбалерите на Баерн вечерва славеа на стадионот Ноу Камп без поголеми проблеми против Барселона со резултат 3:0.

Последниот пат кога овие две екипи ги вкрстија копјата, резултатот на семафорот покажа нереални 8-2 за Баерн. Тој натпревар се одигра на 14 август минатата година како дел од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Лисабон.

Овој пат, Баварците имаа милост за Каталонците, кои ги надиграа на својот стадион со „само“ три гола разлика (3:0).

Повеќекратниот шампион на Германија ги имаше апсолутно сите навои на играта во свои раце, за што сведочи фактот дека Барселона не упати ниту еден удар во противничкиот гол.

Покрај трите постигнати гола, Баерн погоди две стативи, па резултатот можеше да биде поубедлив.

Од самиот почеток, се чинеше дека е само прашање на време кога Баерн ќе постигне гол, а Томас Милер беше првиот што го направи тоа.

Милер шутираше од некои 20 метри во 34. минута, а топката се одби од Ерик Гарсија и на тој начин го измами Тер Штеген.

На почетокот на второто полувреме, предноста на Баварците ја удвои Роберт Левандовски. Барселона во 90 минути игра не само што не упати удар кон голот на Баерн, туку не успеа да создаде речиси никаква можност пред голот на ривалот.

Полскиот напаѓач ги постави конечните 3:0 со нов гол на пет минути пред крајот на натпреварот.

Во следното коло од Лигата на шампионите, екипата на Јулијан Нагелсман ќе се сретне со Динамо Киев на нивната „Алијанц арена“, додека Барса ќе има шанса да се поправи на гостувањето кај Бенфика.

Во вториот натпревар од оваа група на овие две екипи, украинскиот претставник славеше со задоцнет гол од 1:0 на Шапарненко на крајот од судиското надополнување.

Facebook