Connect with us

Фудбал

Бејл одлучи да остане во Реал Мадрид

Герет Бејл ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона, пишува АС.

Како што пишува AС, Бејл ќе биде еден од клучните играчи во “новиот” Реал, секако, тим кој продолжува да живее без Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо.

Тренерот Жулен Лопетеги покажува големи надежи за Бејл и велшкиот претставник во екипата ќе биде со Иско, Крос, Марсело, Рамос и Модриќ.

Се шпекулираше дека Бејл може да се врати во Англија, но кога Роналдо отиде во Јувентус, беше јасно дека Кралевите не би дозволиле да загубат уште една ѕвезда и одличен играч.

Бејл постигна два гола во финалето на Лигата на шампионите за да им помогне на Кралевите да стигнат до новиот трофеј.