Фудбал
Бејл: Се вратив во Тотенхем поради Мурињо
Герет Бејл откри дека тренерот Жозе Мурињо одиграл клучна улога во неговата одлука да се врати во Тотенхем од Реал Мадрид минатата недела.
31-годишниот крилен напаѓач се врати во својот дом на едногодишна позајмица од Реал Мадрид, седум години откако замина за да му се приклучи на шпанскиот гигант за рекордна сума од 94 милиони евра.
Бејл изјави дека со нетрпение очекува да формира напаѓачко партнерство со Хари Кејн и Хеунг-Мин Сон, откако разговараше со Мурињо за неговата улога на теренот.
„Тој разговараше со мене за некои позиции на кои сака да играм и секако дека сум задоволен од тоа“, изјави Бејл за БТ Спорт.
„Тој беше голема причина зошто се вратив тука, тој е победник. Тој е совршено прилагоден во Тотенхем. Мораме да освојуваме трофеи и Мурињо знае подобро од кој било друг како да го направи тоа“, додаде Бејл.