Connect with us

Фудбал

Бекам во Мајами ја носи ѕвездата на Барселона

Искусниот играч за врска наводно не е во плановите на Каталонците за следната сезона, но заинтересирани клубови има.

Артуро Видал и да не остане во Барселона нема да му биде проблем да најде нова средина. За неговите услуги заинтересирани се Интер и Њукасл, но сега се појави вест дека Чилеанецот би можел „преку барата“.

Наводно Дејвид Бекам, кој е сопственик на Интер Мајами сака да го донесе Артуро Видал. Сепак, проблем може да боде тоа што Видал смета дека се уште е рано да замине од Европа.