Connect with us

Фудбал

Белгиските навивачи протестираат поради Наинголан: Ова нема смисла!

Белгиската јавност остана шокирана од одлуката на селекторот Роберт Мартинез да не го вклучи Раџа Наинголан во листата, патници за Русија.

Големиот фудбалер на Рома, не го најде своето место меѓу 23-те играчи кои ќе патуваат на Светското првенство, и покрај фактот што повеќето навивачи на оваа селекција веруваат дека 29-годишниот играч од средниот ред едноставно требаше да биде повикан.

Експресно по објавувањето на листата, на интернет се прошири онлајн петиција, што беше потпишана од страна 10.000 белгиски навивачи кои бараат Раџа Наинголан, да добие повик за во националниот тим.

“На Белгија му треба Наинголан во Русија! Тој е еден од најдобрите и најважните наши играчи. Тренерот Мартинез поради лични причини му штети на целата државата, дали го заслужуваме тоа? Ова не е нормално”, наведено е во описот на петицијата.

Сепак, шансите за Наинголан да се појави во Русија се рамни на нула, бидејќи играчот од средниот ред веќе рече дека завршил со играње за националниот тим.