Connect with us

Фудбал

Белоти го откри клучот за победата над Милан

Херој на Торино во победата од 2:1 над Милан беше капитенот Белоти. Напаѓачот постигна два многу важни гола кои му донесоа победа на неговиот тим. Тој зборуваше по натпреварот и го откри клучот за успехот на неговиот тим.

“Влеговме во второто полувреме со многу мотивација и успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Нај голема помош имавме од навивачите, бидејќи ни помогнаа да добиеме поголема самодоверба и да ги освоиме трите бодови.

Белоти зборуваше и за голот кој му донесе три бода на неговиот клуб.

„Атракција? Всушност, јас само сакав да постигнам гол и не размислував како. Првиот удар го одбрани Донарума, а во вториот топката се крена и јас веднаш ја погодив.”