Connect with us

Фудбал

Белоти не брза никаде

Андреа Белоти имаше одлична сезона, ова беше малку послаба, но сепак интересна за европските гиганти.

Напаѓачот на Торино постигна 10 гола во Серија А, што е 18 голови помалку од претходната сезона во која тој го привлече вниманието на најголемите клубови во Европа. Во еден момент, Торино го проценуваше 100 милиони евра, а тој период Милан најмногу се интересираше за напаѓачот.

Сепак, Белоти има договор со Торино и вели дека нема намера да оди ова лето, но ќе проба следната година со клубот да се  избори за Европа.

“Среќен сум во Торино, не успеавме да се квалификуваме за Европа, но ние ќе се потрудиме тоа да го направиме следните сезони”, рече Белоти, додавајќи:

“Морам уште еднаш да нагласам дека мојата иднина е во Торино, освен ако претседателот не одлучи поинаку. Се зависи од него и ќе биде така како тој или клубот сака.”

На претседателот Урбан Каиро не му пречи да го задржи Белоти. “Ако Белоти сака да остане, ќе го задржиме”.