Connect with us

Фудбал

Беневенто размислува сериозно, донесоа искусен напаѓач

Беневенто беше одличен во Серија Б минатата сезона, сепак Пипо Инзаги е свесен дека Серија А е голем залак.

Свесни дека им требаат засилувања во Беневенто, тие денес го ангажираа искусниот Џанлука Лападула, поранешен напаѓач на Милан.

30-годишниот фудбалер беше член на Лече минатата сезона каде играше како позајмен играч на Џенова. Тој потпиша договор со повратникот во Серијата до 2023 година.

Со Милан, тој успеа да го освои Суперкупот на Италија во 2017 година, а интересно е тоа што тој во своите витрини го има и медалот за освојувачот на Словенечкиот куп од 2014 година со Горица.

Лападула ги мина младинските селекции на Јувентус, а на Апенините смени голем број клубови. Меѓу другите, тој играше за Парма, Равена, Чезена, Фросиноне, Терамо и Пескара.