Connect with us

Фудбал

Бензема донесе неочекувана одлука за случајот „секстејп“: Очигледно е уморен од се

Карим Бензема се откажа од жалбата на тужбата против поранешниот соиграч Матје Валбуена, која заврши со условна казна од една година.

Бензема беше принуден да плати и казна од 75.000 евра на судењето во ноември минатата година во Версај, каде што на најдобриот стрелец во Лигата на шампионите му се судеше за учество во обид за уцена.

34-годишниот фудбалер е еден од петтемина осудени во процесот. Неговото судење беше закажано за 30 јуни и 1 јули во Апелациониот суд во Версај, но неговиот адвокат Хјуг Вижие во петокот вечерта објави дека Бензема се откажал од жалбата.