Connect with us

Фудбал

Бензема објави фотографија пред ифтар, а потоа им објасни на збунетите фанови: Рамазан е дел од мојот живот

Карим Бензема е еден од фудбалерите кои го пости месецот Рамазан, без разлика дали сезоната е во тек или не.

Многу фудбалери кои се муслимани постат цел месец Рамазан, без разлика на обврските кон клубот и максимално професионално си ја вршат работата на теренот и во светиот месец за муслиманите.

Спортистите кои го постат месецот Рамазан велат дека тоа не им прави проблеми на тренинзите и натпреварите, а открија дека се е прашање на навика и дисциплина која мора да се почитува.

Еден од фудбалерите кои го пости месецот Рамазан е Карим Бензема, кој според многумина во моментов е веројатно најдобриот фудбалер на светот.

Бензема игра неверојатна сезона во дресот на Реал Мадрид и веќе неколку сезони е главен играч на овој тим. И покрај тоа што е еден од најпопуларните фудбалери во светот, тој не дозволува толку многу да се знае за неговиот приватен живот.

Многумина од неговите фанови не знаеја дека Бензема е толку посветен на верата и дека го пости месецот Рамазан.

Тој објави неколку фотографии на Инстаграм пред ифтар, а потоа во интервју за американскиот магазин „Esquire“ објасни дека постот нема никакво влијание врз неговите игри и дека Рамазан е едноставно дел од неговиот живот.

„Тоа нема влијание на моите игри. Рамазан е дел од мојот живот и постот е задолжителен во мојата вера. Тоа ми е многу важно и се чувствувам добро кога постам“, објасни напаѓачот на Кралскиот клуб.

Бензема иако иима веќе 34 години, и оваа сезона игра на неверојатно ниво. Тој на 35 одиграни натпревари во досегашниот тек од сезоната постигна дури 34 гола и додаде 13 асистенции.