Connect with us

Фудбал

Бензема во ПСЖ? Покетино не можеше а да не се насмее

Неизвесна е иднината на Карим Бензема во Реал Мадрид, без разлика што тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Бензема долги години е столб на Реал Мадрид, често неоправдано критикуван и потценет од многумина, а сега може да добие „нож во грб“ од претседателот на Реал, Флорентино Перез, чии приоритети се Килијан Мбапе и Ерлинг Халнад. Или двајцата или само еден, што и онака го турка искусниот напаѓач во втор план.

Бензема наводно веќе му кажал на Перез дека нема да остане доколку дојде Норвежанецот, а тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино пред последниот меч со Рен бил запрашан дали Бензема подоцна ќе игра во неговиот тим.

Иако францускиот вицешампион има повеќе од доволно средства за трансфер на Бензема, аргентинскиот стручњак смета дека тоа сега не е реално.

„Има ли место за Бензема во ПСЖ? Да, секогаш можеме да го имаме Бензема во ПСЖ на Плејстејшн“, низ смеа одговори Покетино.

„Сите големи играчи имаат свое место, но мислам дека рамнотежата е најважна работа во фудбалот. Понекогаш е потребно време за да се среди се“.

Потоа со посериозен тон почна да зборува за искусен голгетер.

„Тој е одличен играч кој од година во година го покажува својот талент во Мадрид. Во случај да замине, тоа би бил значаен пораз за Реал. Не би рекол дека тоа му користи на ПСЖ, но јасно е дека тој е врвен напаѓач. Во анализата на тимот многу се внимава дали Бензема игра или не“, изјави Покетино.

ПСЖ минатото лето ги доведе Серхио Рамос од Реал Мадрид и Лионел Меси од Барселона, па не би било невообичаено друг играч да тргне по нивниот пат, одбележувајќи ера не само на Реал, туку и на Ла Лига.