Connect with us

SPORTM.mk

Бербатов: На Ливерпул треба да му се даде титула, тоа го заслужува

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, со својата последна изјава ризикува да ја изгуби љубовта од неговите поранешни навивачи, откако рече дека на Ливерпул треба да му се даде титулата шампион на Англија оваа сезона, без оглед на тоа што се случува со Премиерлигата, заради доминацијата што ја оствари екипата на Јирген Клоп.

Тимот на Јирген Клоп, кој се наоѓа на врвот на табелата во Премиер Лигата со 25 бода пред Манчестер Сити, на Ливерпул му фалат уште две победи или 6 бода за математички да ја обезбеди титулата, а трофеј го чекаат три децении.

И покрај тоа што Ливерпул ја направи оваа голема разлика со противниците во Премиерлигата, момчињата на Клоп може да останат без трофеј, покрај зголемените сомнежи за тоа дали тековната сезона може да се откаже како резултат на кризата од коронавирус.

Премиерлигата донесе одлука привремено да ја прекине лигата без да определи датум за доигрување, со што ги разгори сомнежите дека постои можност сезоната да биде откажана и Ливерпул да остане без титула.

„Не знам каква одлука би била исправна во оваа ситуација. Што и да се одлучи, нема да биде она што секој го сака“, рече Бербатов.

„Луѓето предлагаат на Ливерпул да му се даде титула, и искрено мислам дека тие го заслужуваат тоа заради начинот на кој играа, никој не би можел да ги достигне“.

„Со начинот на кој ги играа своите натпревари, со фудбалот што го произведоа и колку далеку ги оставија своите противници, тие целосно ја заслужуваат титулата оваа сезона“.