Connect with us

Фудбал

Берлускони и Галијани донесоа 10 играчи, но не застануваат, меркаат фудбалери на Јувентус и Арсенал

Силвио Берлускони и Адријано Галијани ја завршуваат работата во преодниот рок, а досега доведоа десет фудбалери во Монца.

Ди Грегорио (Интер), Карбони (Каљари), Манкузо (Емполи), Капрари (Верона), Переира (Бенфика), Антов (ЦСКА Софија), Бириндели (Пиза), Сорентино (Пескара), Кранио (Каљари) и Ранокија (Интер). Но, тоа нема да биде се.

Дефанзивецот на Арсенал, Пабло Мари и играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Ровела се големи цели на Монца.

Исто така, се уште е актуелен Мауро Икарди, напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Мари има 28 години, во Арсенал пристигна од Манчестер Сити во 2013 година, но не играше за „топчиите“ на официјални натпревари, туку најмногу беше позајмен во Жирона, Бреда и Ла Коруња.

Ровела исто така не играше за Јуве, но беше позајмен во Џенова каде играше 33 пати.