Connect with us

Ракомет

Беше меѓу десетте најдобри стрелци во Бундеслигата, Металург доби лев бек

Металург го ангажираше првото звучно засилување . Нов ракометар на тимот од Автокоманда е левиот бек Момир Рниќ.

Рниќ (32) во својата кариера настапувал за екипите на Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен, а со Металург потпиша едногодишен договор.

Во дресот на Гепинген и Мелсунген, Рниќ две години едноподруго беше меѓу десетте најдобри стрелци во Бундеслигата, а со репрезентацијата на Србија има сребрен медал од ЕП 2012.

Рниќ во 2018 година се врати во Србија и настапуваше за Пролетер во кој неговиот татко, истоименик, Момир Рниќ, има висoка функција во управата на клубот.

Момир Рниќ е дел од амбициозниот план на раководството на Металург, според кој ростерот ќе биде засилен со уште неколку нови и квалитетни ракометари.